Мега-дерби во ЛЕ: Милан против Арсенал!

0

Мега пресметка меѓу Милан и Арсенал ќе ги одбележи осминафиналните средби во Лигата на Европа на УЕФА оваа сезона. Ждрепката во Нион сакаше двата можеби и најатрктивни тимови во оваа фаза од натпреварувањето меѓусебе да одлучуваат кој ќе го продолжи патот до финалето во Лион.

Милан ќе биде домаќин на првиот меч, додека реваншот ќе се одигра во Лондон. Спортинг (Л) на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски во оваа фаза за противник го доби чешкиот тим Викторија Плзен, додека во останатите двојки ќе се сретнат:

Лацио – Динамо (К), Лајпциг – Зенит, Атлетико (М) – Локомотив (М), ЦСКА (М) – Лион, Олимпик (М) – Атлетик Б. и Борусија (Д) – Салцбург. Првите дуели од оваа фаза се закажани за 8 март, додека реваншите ќе се одиграат на 15 март.

Share.

Leave A Reply