Мејсон Маунт: „Долго време го чекав овој гол“

0

Играчот за врска на Челзи, Мејсон Маунт беше еден од хероите за победата над Порто од 2:0. Тој го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите и стана најмладиот голгетер на Челзи во ова натпреварување. Маунт не го криеше задоволството од овој факт.

„Тоа беше важен натпревар за нас, и за мене лично, затоа што го постигнав мојот прв гол. Долго чекав на овој момент и многу сум среќен што дојде со ваква важна победа. Факт е дека задржавме „чистата” мрежа и тоа е исто така одлично. Мислам дека сите се претставивме добро”, рече Маунт.

„Во првото полувреме пред првиот гол противникот имаше свои шанси и нè стави под притисок. Но, мислам дека добро се браневме. Стоевме цврсто во одбраната и го одбивавме притисокот на противникот. Да се ​​постигне гол во ова време беше многу важно и помогна да се смириме и да ја преземеме контролата над натпреварот“, додаде играчот за врска.

Share.

Leave A Reply