Мекиќ: Гран Канарија е одличен тим

0

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Адем Мекиќ, потенцира дека вчерашниот пораз од Гран Канарија во рамките на Евро Купот, треба да послужи да се извлечат поуки за во иднина и да се корегираат слабостите.

„Главниот проблем беше во загубените топки иако покажавме дека може  да се носиме и со најсилните во групата. На дуелот добив поголема минутажа што значи многу  за млад играч како мене“ вели играчот на „штрковите“.

„Имав среќа во несреќа што се повредија моите колеги кои  играат на истата позиција како и јас. Гледам да ја искористам секоја добиена минута“, изјави Мекиќ.

Share.

Leave A Reply