Мекларен и Хонда се разделија

0

Мекларен конечно се договори со Хонда да го прекине договорот за испорака на мотори, ова беше објавено денес. Значи, од следната сезона, тимот од Вокинг ќе стане клиент на Рено, и Хонда ќе почне да доставува мотори за Торо Росо.

Враќањето на јапонскиот производител во Формула 1 со Мекларен во 2015 не започна ветувачки и во следните неколку сезони наместо ситуацијата да се подобри, претставувањето на оваа екипа стануваше послабо. Моторите постојано беа во дефект и тимот беше на дното на рангирањето кај конструкторите. Односите меѓу двете страни се влошија, а денес тие завршуваат.

Според информациите кои се објавени денес Мекларен веќе потпишале тригодишен договор со францускиот производител, што значи до почетокот на 2021 година, кога во сила ќе стапи новиот Правилник за моторите, тимот ќе биде со Рено. Торо Росо веќе постигна договор со Хонда, но не е јасно колку години. Дел од договорот меѓу Рено, Торо Росо, Мекларен и Хонда е и Карлос Сајнц Жуниор, кој исто така беше ослободен од договорот со Ред Бул и догодина ќе се натпреварува за фабрички тим на Рено. Фернандо Алонсо, сеуште не одлучил дали ќе остане во Мекларен или не.

Share.

Leave A Reply