Мекларен ќе продава акции за да го спаси тимот

0

Сопствениците на Мекларен размислуваат да продадат малцински удел во тимот за да се спасат од финансиската криза која ги тресе во периодот на пандемијата со коронавирусот. Оваа иницијатива треба да му помогне на тимот да ги добие потребните дополнителни средства за надминување на кризата.

Доколку биде одобрено од одборот на директори на компанијата, Мекларен може да продаде околу 30% од акциите на тимот во износ од неколку милиони фунти.

Поради пандемијата почетокот на сезоната во Формула 1 беше одложен повеќе од три месеци. Стартот на истата сега е закажан на 5 јули.

Share.

Leave A Reply