Мекларен нема да тестира во Бразил

0

Екипата на Мекларен во Формула 1 и компанијата за производство на гуми- „Пирели“, ги откажаа закажаните тестови за денеска и утре поради обидите за вооружен грабеж во Сао Паоло. Членовите на Мерцедес, Вилијамс и Заубер, беа или ограбени или заплашени за време на викендот.

Од Мекларен изјавија дека ризикот не вреди штом има опасност  „некој да мавта со оружје над нивните глави”. Соопштението беше официјално најавено на Твитер а Луис Хамилтон дури напиша дека таквите инциденти се случуваат секоја година на истото место. Врз поранешниот светски шампион, Џенсон Батон, исто така беше направен обид за вооружен грабеж во 2010.

Во Сао Паоло, возачите патуваат со полициска заштита и во оклопни возила. Бразил е една од земјите со највисока стапка на криминал во светот. Парадоксално е што земјата има силна економија а огромен јаз меѓу богатите и сиромашните

Share.

Leave A Reply