Менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто беше казнет со парична казна од осум илјади фунти од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за неспортската реакција за време на натпреварот од Премиер Лигата против Лестер Сити минатата недела.
Португалскиот менаџер влезе на теренот на стадионот по победничкиот гол во последните неколку секунди од мечот кој „волците” го добија против „лисиците”, кој заврши со драматични 4:3.
44-годишниот тренер ја призна својата грешка и ја плати оваа финансиска казна наметната од страна на ФА.