Мерцедес доби нов директор

0

Џејмс Алисон е новиот технички директор на Формула 1 тимот на Мерцедес. 48-годишниот Англичанец доаѓа на местото на Педи Лоу, кој замина во Вилијамс.

„Џејмс е одличен инженер. Мислам дека тој е вистинскиот човек за овој тим. Сигурен сум дека ќе се вклопи одлично со сите во тимот”, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Алисон има многу богато искуство во Формула 1. Неговата кариера во Ф1 започнува во 1991 година, кога влезе во одделот за аеродинамиката на “Бенетон”.

Share.

Leave A Reply