Мерцедес и Хамилтон преговараат за нов договор

0

Мерцедес е подготвен да започне преговори со Луис Хамилтон за продолжување на договорот. Ова го изјави шефот на германскиот тим Тото Волф.

Претходно имаше информации дека новиот договор може да биде со важност од три години, за што Хамилтон треба да заработи 120 милиони фунти.

„Започнуваме разговори со Луис и неговиот тим. Мислам дека е прилично очигледно дека Мерцедес е најпосакуваниот тим за Луис, а Луис е најпосакуван пилот за Мерцедес. Ние работиме добро, и мислам дека сакаме да продолжиме да соработуваме уште неколку години“, потврдил Волф.

Share.

Leave A Reply