Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, покажаа најмногу на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Шпанија на патеклата во Барселона и постигнаа еден-два победа за нивниот тим.
Британецот доминираше откако ја поведе трката од пол-позицијата додека Ботас ја искористи лошата стратегија на Ферари и успеа да се пробие на второто место. Последното место на пиедесталот го пополни, Макс Верстапен од Ред Бул. Четврти беше Себастијан Фетел а бодови уште освоија и:Даниел Рикиардо, Кевин Магнусен, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Серхио Перез и Шарл Леклер.
Во генералниот пласман, Хамилтон има 95 бодови по пет извозени трки, Фетел е втор со 78 а потоа доаѓаат двајцата Финци, Ботас со 58 и Раиконен со 48 бодови.Кај конструкторите, Мерцедес е прв со 153 бодови, пред Ферари со 126, Ред Бул е трет со 80 бодови. Наредната трка на 27 мај ќе биде возена низ улиците на Монте Карло за Големата награда на Монако.