Мерцедес ќе има посебно исцртани возила во чест на Лауда

0

Екипата на Мерцедес во Формула 1 најави дека на трката за Големата Награда на Монако ќе му оддаде посебна почит на легендарниот, Ники Лауда,  кој почина на 70-годишна возраст.

Поранешниот тим на Лауда најави, дека на болидите ќе има посебно исцртана графика во чест на големото име кое остави посебен белег во историјата на спортот и во Ф1 .  Трката за ГН на Монако ќе биде возена на 26 мај.

Ники Лауда кој три пати ги освои шампионските титули (1975, 1977 и 1984), ќе биде запаметен како единствениот возач кој успеал да победи со болидите на Ферари и на Мекларен.

Share.

Leave A Reply