Мерцедес не го дава врвот, еден-два пол позиција во „Силверстоун“

0

Ништо ново во Ф1 шампионатот, тимот на Мерцедес продолжува со својата доминацијата и ќе има два болида на стартните две места на утрешмната трка за ГН на Велика Британија која се вози на патеката „Силверстоун“.

Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите со време 1:24.303, а зад него заврши клупскиот колега Валтери Ботас кој заостануваше за 0,3 секунди. Третото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул. Веднаш до Верстапен од вториот ред ќе стартува и болидот на Ферари, возен од Чарлс Леклерк кој имаше четврто време, а неговиот клупски колега Себастијан Фетел заврши дури на десеттото место.

Трката за ГН на Велика Британија стартува утре (недела) од 15:10 часот.

Share.

Leave A Reply