Мерцедес нема да има настап пред домашната публика

0

Германското Гран при во Формула 1 отпадна од календарот на Формула 1 за 2017-та година а Азербејџан доби нов датум за да се избегне преклопување со легендарната трка „24 часа Ле Ман“.

Бришењето на Германија од календарот на ФИА беше очекувано откако организаторите на трката во Хокенхајм одбија да ги плаќаат високите годишни такси. Трките во Бразил и Канада и натаму се проблематични иако се ставени во конечниот список за 2017-та година.

ГН на Мексико повторно ќе биде поврзана со таа во САД. Трките во Бразил и Абу Даби ќе бидат последните во сезоната која ќе започне на 26-ти март во Австралија.

Share.

Leave A Reply