Британецот, Луис Хамилтон, со болидот на Мерцедес ја освои пол-позицијата за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Франција.
Актуелниот шампион на патеката – „Пол Рикард“ успеа да постави нов рекорд со време од 1:28.319. Втората позција ја обезбеди неговиот клупски колега, Валтери Ботас а третата, Шарл Леклер.
Макс Верстапен ќе стартува како четврти. Во третиот ред ќе бидат Ландо Норси и Карлос Саинц. Утрешната трка ќе започне во 15.10 часот.