Мерцедес внимателно ја следи кариерата на Верстапен

0

Гласините дека пилот на Ред Бул во Формула 1, Макс Верстапен, ќе го напушти тимот и ќе се пресели во шампионскиот состав на Мерцедес-Бенз, се повеќе добиваат на интензитет.

Според одредени медиуми, договорот е речиси направен и само е прашање на време кога ќе биде потпишан од двете страни.

Верстапен на претходната трка во Малезија успеа да ја обезбеди втората сезонска победа со што само ги зголеми шпекулациите дека Мерцедес ќе го има во преден план во 2019 година кога ќе им истечат договорите на Валтери Ботас и на Кими Раиконен.

Share.

Leave A Reply