Мертенс не сака никакви споредби

0

Напаѓачот на Наполи, Дирис Мертенс, не сака да го споредуваат со легендарниот фудбалер од Аргентина, Диего Армандо Марадона.

Белгиецот игра одлично во тековнава сезона што влијаеше кај дел од Наполитанците да го споредат со Марадона кој остави посебен печат додека ги бранеше боите на италиjанскиот тим.

„Не сакам да ме споредуваат со Марадона, можеби со бројката на голови да, но, со неговите дела не! Јас имам голема почит кон Марадона. Тој ја направи на некој начин историјата на фудбалот. Јас сум на различно ниво. Моето име е Дирис Мертенс , не можам да летам во облаците, сакам само да му помогнам на тимот “, рече играчот од Белгија.

Share.

Leave A Reply