Мертенс нема сериозна повреда

0

Играчот на Наполи Дрис Мертенс не е сериозно повреден по вчерашниот натпревар со ПСЖ во 4-то коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Белгијскиот интернационалец беше принудно заменет во финишот од натпреварот откако почувствуваа болка во неговото рамо. Се испостави дека Мертенс не е сериозно повреден и дека се е во ред со неговото рамо, но имал само мали болки поради ударот.

„Нема дислокација, рамато е стабилно. Тоа е само поради ударот, па ние сме оптимисти”, потенцираа од екипата на Наполи.

Пред една недела, Мертенс постигна три гола во победата на Наполи од 5:1 на средбата со Емполи.

Share.

Leave A Reply