Аргентинската фудбалска ѕвезда во дресот на Бареслона, Лионел Меси потврди дека добил понуда од каталонскиот тим да потпише договор со клубот до крајот на играчката кариера. Но, како што вели, одбил.
Неговиот договор со каталонскиот тим е за уште две години, но во Барселона се сигурни дека аргентинскиот ас може да игра на највисоко ниво и по СП 2022.
„Вистина е дека Барселона ми понуди доживотен договор, но им кажав дека не сакам договор кој ме врзува на таков начин. Сакам само да сум здрав и да продолжам да игра, и натаму да се борам за голови во Барселона. Можам во Барселона да бидам доживотно, но не со договор“, вели Меси.