Меси и Дембеле во комбинација за мечот со Атлетик Билбао

0

Иако сеуште не е целосно опоравен од повредата во ногата, Лионел Меси се најде во составот на Барселона за вечершниот натпревар на тимот против Атлетик Билбао.

Добрата вест за каталонскиот тим е враќањето на Осман Дембеле во составот, откако се опорави од добиената повреда при победата над Леганес со 3:1 пред 20 дена.

Другата голема новост во составот за дуелот кој се игра вечерва е вклучувањето на Миранда, бидејќи стартниот лев бек Жорди Алба е казнет. Сепак, тешко младиот играч да биде во почетниот состав на тимот.

Самуел Умтити ги обнови тренинзите, но сеуште не е подготвен за игра и нема да биде во комбинација за оваа средба, како и повредениот Артур, Рафиња и Јаспер Силесен. Тодибо и Сампер не спаѓаат во групата поради техничко решение.

Share.

Leave A Reply