Меси и Рапино се најдобрите за 2019 година

0

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, по рекорден шести пат ја освои престижната награда – „Златна топка“ која му беше врачена на денешната гала-свеченост во Париз.

Тој успеа да ја добие трката со играчите на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах. Аргентинецот  претходно ја прими наградата и во: 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година. Меган Рапино која настапува за Реин и за селекцијата на САД, беше прогласена за најдобра кај дамите. Таа на Светското првенство ја предводеше нејзината земјадо шампионската титула.

Наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман заврши во рацете  Алисон Бекер кој со неговиот Ливерпул ја освои Лигата на шампионите. За најдобар млад фудбалер до 21 година е избран Матијс де Лихт од Јувентус кој во текот на летото го напушти тимот на Ајакс.

 

Share.

Leave A Reply