Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар со Реал Мадрид во Шпанското првенство.
„Очекувам многу силен Реал Мадрид. Сега се во добра форма. Ова се специјални натпревари, без оглед на состојбата на тимовите. Сега и Барселона и Реал Мадрид се во добра форма“, изјави Меси з авесникот „Марка“.
Одложениот натпревар од 10. коло од шампионатот на Шпанија помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 18 декември на стадионот „Камп Ноу“. „Ел Класико“ првично беше закажан за 26-ти октомври, но истиот беше презакажан поради протестите што започнаа во Барселона затоа што шпанскиот Врховен суд осуди девет каталонски функционери и политичари за случајот се протестите и референдумот за независност во 2017 година.
Кој ќе биде поуспешен во ова прва сезонска пресметка меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе видиме следната среда кога ќе се одигра овој натпревар.