Првиот натпревар од сезоната Лионел Меси ќе го игра в недела против Бетис, тврдат медиумите во Шпанија.
Аргентинскиот напаѓач е веќе здрав и ќе биде во составот на Барселона, од кој сепак ќе отсуствуваат Луис Суарез и Осман Дембеле. Меси го пропушти првиот натпревар на Барса во сезоната против Атлетик Билбао, кој го загубија Каталонците со 0:1 како гости.
Луис Суарез се повреди во потколеницата и нема да игра против Бетис, додека Осман Дембеле ќе биде надвор од комбинација пет недели поради истегнување на мускулот.