Меси може да добие суспензија од 4 до 12 натпревари

0

Лионел Меси може да пропушти меѓу 4 и 12 натпревари затоа што намерно го удри противничкиот фудбалер во главата на вчерашното Суперкуп финале со Атлетик Билбао во Севиља. Инцидентот се случи во последните минути од судиското продолжение на мечот кој им припадна на баскијците со 3:2.

Аргентинецот беше исклучен една минута пред крајот на натпреварот откако брутално удри играч на Атлетик, а судијата откако го прегледа моментот на ВАР снимка му покажа црвен картон. Ова исклучување беше прво Меси во кариерата за екипата на Барселона. Доколку дисциплинците сметаат дека Меси агресивно го нападнал играчот без топка, тогаш казната може да варира од 4 до 12 натпревари.

Share.

Leave A Reply