Меси може да го пропушти дербито со Валенсија

0

Ѕвездата на фудбалскиот состав Барселона, Лионел Меси, нема да игра на саботниот меч со Валенсија на „Камп Ноу“ во рамките на четвртото коло од Шпанското првенство, пренесува каталонскиот весник – „Спорт“.

32-годишниот Аргентинец не е во максимален тренинг процес и затоа ќе мора да паузира и во наредниот период. Меси заработи повреда на потколеницата на тренинг на 5 август и се уште не може да ја санира. Натпреварот со Валенсија доаѓа рано за Аргентинецот кој најверојатно ќе се врати за почетокот на Лигата на шампионите.

Каталонците во вторник ќе гостуваат кај Борусија Дортмунд. Доколку Меси не игра на тој меч во Германија, тогаш веројатно ќе се појави на средбата со Гранада закажана на 21 септември во Ла Лига.

Share.

Leave A Reply