Меси на поштеда, може да игра неколку минути против Сосиедад

0

Барселона ќе игра без својат прва ѕвезда Лее Меси и вечерва. Имено Лионел Меси ќе добие одмор и за денешниот натпревар на Барселона на домашен терен против Реал Сосиедад кој е дел од 38-то последно коло од шпанскиот шампионат.

На Аргентинскиот репрезентативец му е потребен одмор и поради оваа причина тренерот на шампионите Ернесто Валверде нема да го пушти како стартер против Баскијците.

Меси е вклучен во составот на својата екипа за средбата со Сосиедад, но најверојатно ќе влезе во игра само за неколку минути.

„Тој играл навистина многу и треба да биде заштитен од повреди. Сметаме дека на крајот на сезоната е вистинското време да му дадеме заслужен одмор. Пред неколку дена играше 15 минути во Јужна Африка поради договорот”, изјави Валверде пред медиумите.

Пред четири дена Барселона гостуваше на Мамелоди Сандаунс во Јоханесбург за пријателскиот натпревар по повод прославите во чест на еден век од раѓањето на поранешниот претседател Нелсон Мандела.

Меси играше вкупно 53 натпревари и постигна 34 погодоци со тимот на Барселона во сезоната која ја завршуваат со вечерашниот натпревар каде ќе ја прослават титулата во Ла Лига.

Share.

Leave A Reply