Меси не верува дека Нејмар ќе заигра за „кралевите“

0

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лионел Меси, во последното гостување на аргентинската телевизија – „Тик Спортс“, се обиде да даде одговор на сите шпекулации поврзани со иднината на Нејмар.

Според дел од медиумите, Бразилецот во текот на летото може да го напушти францускиот ПСЖ и да се активира во редовите на Реал Мадрид. Тоа според Маси е неприфатливо сценарио.

„Нејмар во Реал Мадрид? Тоа ќе биде ужасно поради значењето кое Нејмар го имаше во Барселона. Тука освои многу титули. Ја освои Лигата на шампионите, титули во Примера и ако се случи тоа, ќе биде многу тежок удар за сите нас“ – вели аргентинскиот фудбалер со напомена дека околу таа тема разговарал со Нејмар и му го кажал неговото мислење.

 

 

Share.

Leave A Reply