Меси по трет пат последователно е освојувач на „Златната копачка“

0

Ѕвездата на Барселона Лионел Меси ја освои „Златната кошачка“ трета година по ред. Аргентинецот успеа да постигне 36 гола за Барселона во шампионатот на Шпанија и стана првиот фудбалер кој ја освоил наградата во три последователни сезони.

На второ место на оваа листа е Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, кој реализираше 33 погодоци во сезоната. Меси има рекордни шест „Златни копачки” за најдобар стрелец во шампионатите на земјите во Европа.

„Не мислев многу за овој трофеј. Сеуште сме тажни за она што ни се случи против Ливерпул во Лигата на Шампионите. Не сум расположен за лични награди”, коментираше Меси пред денешното финале во Купот на Шпанија меѓу Барселона и Валенсија кое се игра вечерва во Севиља.

31-годишниот аргентински напаѓач му помогна на каталонскиот клуб повторно да триумфира во Ла Лига и да ја освои титулата.

Последниот фудбалер кој ја добил „Златната копачка” пред Лионел Меси, е неговиот соиграч Луис Саурес. Фудбалерот на Барселона и Уругвајски репрезентативец имаше постигнато 40 гола во Ла Лига во сезоната 2015-2016.

Share.

Leave A Reply