Меси пред три години сакал да замине од Шпанија

0

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, откри дека во 2017 година сакал да ја напушти Барселона бидејќи имал проблеми со шпанските даночни органи.

„Во тоа време со целата  мешаница околу даночните власти сакав да ја напуштам Барса и да излезам од Шпанија. Чувствував дека ме третираат неправедно“ – рече Меси.

„Беше многу тешко за мене и за моето семејство затоа што луѓето не знаат што точно се случува.  Денес, размислувам да ја прекинам кариерата тука во Барселона. Моето семејство е среќно а клубот ми е вториот дом“ – потенцира Меси.

Share.

Leave A Reply