Меси: Русија е последна шанса да станеме светски шампиони

0

Најдобриот фудбалер во составот на Аргентина, Лионел Меси, изјави дека последната шанса на оваа аргентинска генерација да го освои светското првенство е летово во Русија. Меси вели дека ова и за него, но и за голем дел од неговите долгогодишни соиграчи е последниот обид да се освои тронот.

„Зборував досега многупати за сите загубени финалиња. Многу ни значеа, можевме да ги исполниме соништата на сите Аргентинци. Сега таквото искуство од сите досегашни неуспеси треба да го претвориме во предност за нас. Ако не успееме да станеме светски шампиони во Русија, тогаш оваа генерација веќе нема да има уште една шанса“, потенцирал Меси.

Share.

Leave A Reply