Меси сам ќе одлучи дали ќе игра со Бетис

0

Лионел Меси сам ќе одлучи дали ќе игра на следниот меч со Бетис, или не. Одлуката за настапот ќе биде само негова, потврдил менаџерот на каталонците, Ернесто Валверде.

Како што е познато, Меси беше во Милано за мечот со Интер во ЛШ но не се најде ни на клупата за резерви. Аргентинецот закрепна од повредата на лактот, но очигледно не беше подготвен за настап на средбата во вторникот.

Медицинскиот тим на Барса рече дека Меси ќе треба уште три недели да ја излекува повредата на лактот, но тој се врати и порано. Останува да се сочека неговиот прв настап, можеби веќе викендов.

Share.

Leave A Reply