Меси се изедначи со Куман по бројот на голови од слободни удари

0

Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси, со погодокот на вчерашниот меч од Купот на Шпанија против Атлетик Билбао, го израмни рекордот на Роналд Куман од најмногу голови постигнати од слободни удари во дресот на Барселона.

Аргентинецот погоди за 3:1 во финишот на мечот со што го однесе неговиот тим во наредната рунда. По натпреварот, актуелниот менаџер на Евертон беше меѓу првите што му честиташе на Меси и му посака да го подобри постигнувањето. -Честитки за 26-тиот ти гол од прекин Лео Меси. Уште еден и ќе го собориш рекордот, напиша Куман на „Twitter“.

Холанѓанецот го постави рекордот во периодот од 1989 до 1995 година а како најзначаен гол од слободен удар се издвојува реализираниот во финалето на КЕШ против Сампдорија во 1992 година, со кој беше освоен и трофејот од страна на Каталонците.

Share.

Leave A Reply