Меси се врати во Аргентина, но се повреди и нема да игра со Мароко

0

Лионел Меси се врати во репрезентацијата на Аргентина, но враќањето потворно помина со дебакл. „Гаучосите“ загубија од Венецуела, а Меси се повреди.

Меси нема да го игра следниот меч со Мароко, откако од таборот на аргентинската репрезентација истакнаа дека има болки во препоните и дека нема да биде подготвен за следниот меч.

Оваа информација и тоа како ги разочара Мароканците, пред неколку недели купија билети за да го гледаат најдобриот фудбалер во светот, но Аргентинецот ќе се врати во Барселона каде ќе го почне процесот на рехабилитација за да биде подготвен пред важните дуели кои го чекаат каталонскиот тим.

Share.

Leave A Reply