Меси : треба да се насочиме кон дуелот со Катар

0

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лео Меси, вели дека е разочаран по нерешениот епилог (1:1) на мечот со Парагвај кој може да влијае на пласманот на „гаучосите“ во елиминацискиот дел на „Копа Америка“.

„Сега ситуацијата ни се искомпликува максимално. Многу од помалдите фудбалери немале шанса да дожиеват вакво нешто. Треба брзо да ги подигнеме главите и да се сконцентрираме на претстојниот натпревар со Катар ” – рече Меси по натпреварот со Парагвај.

„Мислам дека добро започнавме во првите 15 минути, имавме посед на топката, имавме јасни идеи, но, не создадовме шанси.  Како поминуваше времето станувавме се понервозни. Кога дојде изедначувањето како да добивме чувство дека можеме да победиме, но, тоа не се случи. Сега треба да размислуваме за мечот со Катар“ – изјави првата ѕвезда во аргентинската репрезентација.

Share.

Leave A Reply