Италијанскиот кошаркарски тренер Еторе Месина кој беше дел од стручниот штаб на Сан Антонио Спарс во НБА конкуренција, се одлучи да се врати во неговата родна земја и да се активира во редовите на Милано.
Тој ќе биде дел од администацијата во клубот, но, ќе седи и на клупата во улога на тренер.
Медиумите шпекулираат дека Месина кој работеше со легендарниот НБА тренер, Грег Попович, ќе потпише договор на три години со Олимпија Милано со можност соработката да продолжи за уште две сезони.