Ракометарите на Металург вечерва (20.15 ч.) против екипата на Загреб ќе ја продолжат сезоната во СЕХА лигата. Во Скопје доаѓа еден од фаворитите з атрофејот сезоната, но овој пат со ново тренерско име на клупата, Словенецот Бранко Тамше, кој го замени поранешниот тренер на „металурзите“, Лино Червар.
Металург ќе се обиде да се престави во најдобро светло по турнејата во Франција и се надева на изненадување. Пред денешниот меч, момците од Автокоманда се на претпоследното место на табелата со 7 освоени бода.