Металург е прв финалист во Купот

0

Ракометарите на Металург се првиот финалист на Купот на Македонија. На завршниот турнир во Куманово, „металурзите“ беа подобри од градскиот ривал Бутел со 34-31 и со тоа обезбедија уште едно учество во финалните средби.

Металург одигра одличен мечл, успеваше континуирано да го одржува ривалот на разлика од 3-4 гола и во ниту еден момент не го доведе прашањето околу победникот на овој меч во прашање. Јагуриновски со 7 гола беше најефикасен кај победникот.

Во второто полуфинале вечерва играат Вардар и Еурофарм Работник.

Share.

Leave A Reply