Екипата на Металург е на еден чекор да му се приклучи на Еурофарм Пелистер во групната фаза од новоформираната Европска лига на ЕХФ.
Поранешниот македонски шампион, во првото коло беше поуспешен од Спачва Винковци и доби носителско место во денешната ждрепка во Виена за последниот филтер пред групната фаза. Македонскиот тим поради одличниот рејтинг ги избегна гигантите и за влез во групната фаза пред себе ќе го има тимот на Кринс од Луцерн.
Со евентуален триумф на Металург во двомечот со Кринс, нашата земја ќе има два учесници во второто по ранг натпреварување на ЕХФ. Натпреварите ќе се играат на 22 септември и на 29 септември, со тоа што Металург првата средба ќе ја одигра дома во салата „Автокоманда“, па ќе гостува на реванш во Швајцарија. Сепак сеуште не е познато дали сето ова ќе биде можно да се одигра поради целата ситуација со ковид-19 мерките.
Парови од плеј-офот во Европската лига:
Металург – Кринс Луцерн
Бидасоа Ирун – Нексе Нашице
Потаиса Турда – Феникс Тулуз
Бјерингбо Силкеборг – ЦСКА Москва
Холстебро – Рајн Некар Левен
Бенидорм – Аон Фајверс
Азоти Пулави – Кристијанштад
Констанца – Спортинг
Ѓунѓеш – Фуксе Берлин
Требње – Балатонфуред
Винтертур – ГОГ Гудме
Скјерн – Монпелје