Металург го изненади Вардар и преку пенали дојде до трофејот

0

Ракометарите на Металург го изненадија големиот фаворит Вардар и го освоија Купот на Македонија во ракомет.

Пенали го дадоа победникот во машкиот ракометен Куп на Македонија, откако натпреварот меѓу фаворитот Вардар и Металург заврши нерешено (29:29), а поуспешен во ударите од седум метри беше тимот на Металург (32:33),  по што овој клуб доаѓа до нов Куп-трофеј во своите витрини.

Вардар и Металург одиграа уште еден вистински ракометен дерби меч, а љубителите на ракометот можеа да уживаат во многу убави моменти низ оваа средба. Во првиот дел доминираше Вардар кој имаше предност од неколку голови, а на полувреме замина со предност од 16:12.

Можеби сите мислеа дека работата е веќе завршена, но така не сметаа ракометарите на Металург кој влегоа силно во вториот дел и напрваија пресврт, за да во еден момент имаат предност од (19:22), сапак до крајот двете екипи се менуваа во водство и  на крајот да завршат нерешено 29:29. По изведувањето на пеналите во екипата на Вардар не беа прецизни Чупиќ и Дибиров, а тоа значеше дека Металург ќе се радува на пехарот како победник на Купот на Македонија.

Најдобар стрелец на финалето од Купот беше Шпенде од Металург со осум гола, Токиќ постигна шест, а Јагуриновски и Танкоски постигнаа по четири гола, додека кај Вардар, Чупиќ даде седум гола, а Поповски заврши со три.

Share.

Leave A Reply