Металург го раскина договорот со Грузиецот Кбилашвили

0

РК Металург вчера ја заврши соработката со грузискиот ракометар, Иракли Кбилашвили. Составот од Автокоманда реши да го раскине договорот со средниот бек за да ослободи место за друг странец.

Кбилашвили го носеше дресот на Металург изминатава сезона, која беше предвремено прекината поради коронавирусот. Од Автокоманда велат дека продолжуваат да работат на ракометниот пазар и ќе се бара нов плејмејкер, кој воедно ќе му помогне во развојот и на младиот Стефан Додиќ.

Share.

Leave A Reply