Металург и Бутел ги добија противниците за првото коло од Европската лига

0

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги одреди паровите за првото коло од квалификациите на новоформираната Европска лига.

Македонските претставници Металург и Бутел Скопје ќе играат во квалификациите и како носители во првото коло ќе играат со противници од Хрватска и Унгарија.

Металург за противник го доби тимот на Спачва Винковци од Хрватска, додека Бутел ќе игра против Браун Ѓунѓеш од Унгарија.

Европска лига – квалификации (прво коло)
Потаиса Турда – Горица
Доброгеа Суд – Виктор Ставропол
СКА Минск – ЦСКА Москва
Ѓунѓеш – Бутел Скопје
Металург – Спачва Винковци

Првиот натпревар од квалификациите 1. коло е закажан за 29/30 август, а вториот натпревар ќе следи една недела подоцна.

Битолски Еурофарм Пелистер има директно место во групната фаза на Европската лига.

Share.

Leave A Reply