Металург имаше сила само за едно полувреме во Лисабон

0

Ракометарите на Металург очекувано се поразени во стартниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Она што го најавуваше тренерот Брестовац , тоа и се случи, неговите млади ракометари на тактичи план играа добро, но не издржаа на физички план и падна во играта во вториот дел од средбата. На крајот натпреварот заврши со победа на домашната екипа од 34:26, а на полувреме беше нерешено 13:13.

Самиот резултат покажува што се случуваше на оваа средба, Металург беше рамноправен противник во првото полувреме, а во вториот дел тотален потоп, постигнаа 13, но примија дури 21 го, што беше решавачко за овој пораз.

Најдобри стрелци во тимот на Металург беа Танкоски со шест и Серафимов со пет погодоци. Во рамките на второто коло од ЛШ, Металург е домашен терен го пречекува турскиот Бешикташ.

Share.

Leave A Reply