Металург не успеа да направи чудо против Монпеље

0

Ракометарите на Металург доживеа нов пораз во Лигата на шампионите, откако велерва во Скопје беа поразени од францускиот тим Монпелје со 21:27.

Металург добро му се спротивстави на посилниот ривал цели 50 минути, но во финишот дозволи противникот да направи серија од 0:5 и да дојде до посакуваната предност за конечен триумф на овој натпревар.Гостите на десет минути пред крајот на мечот имаа минимална предност од 22:21, но во финишот од средбата одиграа одично во одбрана и не дозволија да примат гол.

Во првиот дел се играше изедначено и резултатот неколку пати беше израмнет (8:8 или 12:12), но во финишот на првиот дел гостите направија серија која им донесе предност на одмор од 14:16.

Во вториот дел иста слика, изедначено се до 50-та минута, а потоа серија на голови на противникот за победа од 21:27.

Најефикасни ракометари во победничкиот табор беа Порте и Каус со шест постигнати гола, а Гигу постигна пет гола, додека кај Металург, Јагањац, Анѓелиќ и Пешевски завршија со по пет гола.

Share.

Leave A Reply