Металург немаше сила за изненадување против Мешков Брест

0

Ракометарите на Металург се поразени во последниот домашен натпревар оваа година од СЕХА лигата и тоа од екипата на Мешков Брест со 28:34.

Домашната екипа се надеваше на изненадување и со победа на домашен терен да ја завршат 2018 година, но неуспеаа во оваа нивна намера. Металург лошо го започна натпреварот и уште од самиот старт му дозволи на противникот да ја има играта под контрола и да биде во предност, за во средината на првиот дел, Мешков да има водство од 4:8, па и 5:9, за подоцна, Металург фати приклучок и дојде до 9:10, но потоа следеше уште еден пад во играта што резултираше со предност на Мешков по првото полувреме од 13:16.

Во второто полувреме Мешков дојде и до плус пет (15-20), а оваа позитива ја чуваше се до самиот крај кога дојде и до водство и победа од 28:34.

Најдобар стрелец на овој натпревар кај Мешков Брест беше Шиме Ивиќ со десет гола. Исто така, десет гола постигна и Петар Ѓорѓиќ. Кај Металург најефикасен беше Гонзало Рибеиро со осум гола, додека Серафимов и Арсеновски постигнаа по четири.

За ракометарите на Металург ова беше последен домашен натпревар оваа година, а им останува да одиграат само уште еден на гостински терен, во Нашице кај Нексе на 16 декември.

Share.

Leave A Reply