Металург од понеделник стартува со подготовки

0

По двонеделна пауза, в понеделник, 11 јануари, стартуваат подготовките на Металург за вториот дел од сезоната. Ракометарите ќе тренираат во Автокоманда, а за почеток тренерот Димитриоски ќе располага само со македонските играчи. Поголемиот дел од странските засилувања во овој период имаа репрезентативни обврски, па дополнително добија неколку дена одмор од претседателката Блажевска. Металург за времето на подготовките планира да одигра и неколку пријателски натпревари, со противници кои дополнително ќе бидат познати.

Втората половина од сезоната Металург ќе ја одигра без Михајло Младеновиќ и Лука Вујовиќ, кои веќе не се дел од тимот. Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречека екипата на Феникс Тулуз. Покрај оваа, во февруари тимот од Автокоманда го очекуваат уште две средби од групната фаза на Лигата на Европа, со екипите на Висла Плоцк и на Фиверс.

09 февруари:  Металург – Феникс Тулуз

16 февруари:  Висла Плоцк – Металург

23 февруари:  Фиверс – Металург

Share.

Leave A Reply