Металург одморен и со три нови имиња ги напаѓа Чеховски Медведи

0

Ракометарите на Металург, одморени и засилени со три нови имиња, ќе го дочекаат тимот на Чеховски Медведи в недела во меч од новото коло на Лигата на шампионите. На прес-конференцијата денеска, тренерот Данило Брестовац задоволен од паузата и новите имиња во тимот, очекува добар резултат на неделниот меч.

„Реков јас дека со нетрпение ја чекам паузата во ЕХФ неделата за да се одмориме. Тоа ни дојде многу добро и сега очекувам подготвени да одиграме добар меч. Тренираме напорно, Чеховски Медведи се квалитетен противник, екипа физички посилна од нас. Се обидуваме преку анализи да ги најдеме нивните слаби страни и да ги надиграме. Се надевам дека публиката ќе ни даде поддршка и дека ќе се појави во поголем број. Се создава еден нов Металург, ги направивме првите чекори кон враќање на оној стар Металург“, вели Брестовац.

На прес-конференцијата денеска беа преставени и трите нови засилувања Александар Шпенде, Гонзало Риберио и Миха Пучник.

Share.

Leave A Reply