Металург по изненадување кај Чеховски Медведи

0

Ракометарите на металург попладнево (15 ч.) ќе го одиграат петтиот меч од новата сезона во ракометната Лига на шампиони. „Металурзите“ гостуваат кај екипата на Чеховски Медведи во Русија и се надеваат дека, конечно, ќе можарт да направат изненадување.

Тимот од Автокоманда на овој меч ќе биде без стратегот Данило Брестовац кој заработи суспензија од еден натпревар поради црвениот картон добиен на средбата со Силкеборг во минатото коло.

Металург, минатата сезона единствената победа на гостински терен во групната фаза ја имаше токму кај Чеховски Медведи.

Share.

Leave A Reply