Ракометарите на Металург и натаму се без победа сезонава во Лигата на шампионите. Најновиот пораз на македонскиот вицепрвак му го нанесе дански Силкеборг на мечот одигран денеска. Данците дома славеа со убедливи 33-25 (16-14).
Халил Јагањац со 10 погодоци од 11 обиди беше прв стрелец на мечот, Анте Токиќ имаше четири гола. Во следното коло, македонскиот тим го чека уште една тешка задача, му гостува на Чеховски Медведи, дуелот се игра на 13. октомври.