Металург поразен убедливо од ППД Загреб

0

Македонскиот преставник во СЕХА лигата , Металург со пораз ги започна официјалните натпревари во 2019 година откако во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од фаворитот ППД Загреб со убедливи 24:36.

Младиот тим на Металург изгледаше добро во првите 20 минути од натпреварот и имаше предност од 8:6, но потоа гостите направија серија од 6:0 и дојдоа до предност од 12:8 која до крајот на првото полувреме ја задржија и надополнија за 10:15.

Во вториот дел уште по лоша беше играта на металург кој како да не можеше да го најде вистинскиот ритам и дозволи противникот да дојде до двоцифрена предност (15:25) во 45минута од натпреваро. До крајот се беше рутина и беше прашање со каква разлика ќе заври мечот во Скопје,.

Најдобар кај ППД Загреб беше Буриќ со седум гола, Поточник постигна шест, а Мраковчиќ реализираше 5 од 5 обиди. Кај Металург, Арсеновски имаше одличен меч со пет гола од пет обида, а Шпенде, Рибеиро, Маџовски и Токиќ постигнаа по четири.

Наредниот СЕХА-меч за ППД Загреб че биде повторно во Скопје, но овој пат ногу посериозне натпревар против актуелниот шампион Вардар. Металург ќе гостува во Романија кај екипата на Стеауа Букурешт.

Share.

Leave A Reply