Металург потврди дека Стојановиќ ќе биде нов тренер на тимот

0

Дамир Стојановиќ е нов тренер на РК Металург. Веста ја потврди и клубот, откако деновиве се појавија информации за негово назначување на кормилото на еден од најдобрите макеоднски клубови во последнава деценија.

Стојановиќ е искусен во работата со млади категории ракометари, па ќе добие шанса да направи една добра селекција на ракометари кои ќе го понесат товарот следната сезона. Својата тренерска кариера ја почнал со младите категории во Земун, а потоа во 2015 година седна на клупата на израелскиот состав Хапоел. Изминатава сезона го предводеше унгарскиот состав Вечасу.

Share.

Leave A Reply