Металург повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите

0

Ракометниот вицешампион на Mакедoнија Металург и трета година по ред ќе биде дел од ракометната елита , а тоа значи дека Македонија ќе има два претставника во Лигата на шампионите во ракомет за мажи. Металург повторно добива вајлд-карта и ќе се најде во ждрепката која ќе се одржи на 29 јуни.

Извршната комисија на ЕХФ во Глазгов одлучи да им додели вајлд-карти на Металург, Рајн Некар Левен, Веспрем, Нант и Монпелје. Нашиот преставник ќе се најде во групите Ц и Д кои квалитативно се послаби од групите А и Б.

Покрај Вардар, нашата земја ќе има уште еден прставник , што значи дека најмалку половина година во Скопје ќе се игра ракомет на две локации, во СЦ „Јане Сандански“ и во СЦ „Борис Трајковски“. Новата сезона во Лигата на шампионите својот старт треба да го има од 12 до 16 септември, а завршниот турнир традиционално се игра во „Ланксес Арена“ во Келн на 1 и 2 јуни 2019 година.

Share.

Leave A Reply